Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјата.
Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд,особено попладне.Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 6 степени.
Денеска во овие делови локално се очекува да наврнат над 20 литри на квадратен метар, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер по должината на Повардарјето и во источните подрачја.