20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank со 4 % помала нето добивка

Sberbank со 4 % помала нето добивка

sberbank2

Најголемиот руски кредитор „Sberbank“ денес објави дека во првиот квартал од оваа година остварил четири проценти помала нето добивка во споредба со истиот период од минатата година, првенствено поради зголемените резервации на лошите кредити.

Нето добивката во првите три месеци изнесувала 88,5 милијарди руски рубљи (2,8 милијарди долари), во споредба со 92,2 милијарди рубљи кои беа остварени во истиот период минатата година, се наведува во деловниот извештај.

Таквиот резултат во банката го препишуваат на зголемените средства наменети за потенцијалните загуби од лошите кредити. Така, во првиот квартал од оваа година, резервациите изнесувале 31,8 милијарди рубљи, во однос на 10,9 милијарди колку што изнесуваа во претходниот квартал. Во првите три месеци од минатата година банката во оваа ставка забележала поврат на резервации во износ од 3,2 милијарди рубљи, се наведува во деловниот извештај од банката.

Уделот на нефункционални кредити во кредитното портфолио е малку зголемен во однос на претходните три месеци, од 3,2 проценти на 3,3 проценти, но намален е во однос на истиот период од претходната година кога изнесувше 4,8 проценти, се вели во извештајот.

„Sberbank“ е одговорна за една третина од вкупните кредитни активности во Русија, од банката објавија дека кредитите за правните лица, од кои повеќето се корпоративни кредити, од почетокот на оваа година се зголемени за 0,9 проценти. Кредитирањето за населението во исто време се зголеми за 2,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП