6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

Сајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

Сајбер нападите во текот на 2016 година на американската економија и нанеле штета која се проценува на 57 милијарди до 109 милијарди долари, се наведува во извештајот на американската влада заснован на податоците од специјалните служби.

Во овој извештај американците за сајбер нападите пред се ги обвинуваат Русија, Северна Кореја, Кина и Иран.

Во петокот американската влада ја обвини Русија како креатор на вирусот NotPetya, кој широк простор зафати во средината на минатата година, оценувајќи го тој вирус како „најдеструктивен и најштетен во историјата“.

Специјалните служби допрва ќе прават проценка за штетите од сајбер нападите во 2017 година, а оттаму велат дека сумата најверојанто ќе биде поголема во споредба со таа од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП