26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција „Економска криза: прашања и перспективи“

Конференција „Економска криза: прашања и перспективи“

ekon

„Системската економска криза: Тековни прашања и перспектива“ е темата на 9. Меѓународна конференција на Асоцијацијата на универзитети на Југоисточна Европа (АСЕКУ), што ќе се одржи денеска во организација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во тек на повеќе работните сесии свои трудови ќе претстават 50-ина истакнати професори од реномирани универзитети од Македонија, Австрија, Албанија, Бугарија, Грција, Полска, Романија, Србија, Турција, Украина, Холандија, Хрватска и Црна Гора.

АСЕКУ е меѓународна асоцијација во која членуваат 48 истакнати универзитети од Југоисточна Европа и од црноморскиот слив, со седиште во Солун, Грција. Економскиот факултет-Скопје  е членка на АСЕКУ од ноември 1996 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП