27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција гради мост од 3 милијарди долари

Турција гради мост од 3 милијарди долари

most1

Турција вчера одржа церемонија за почетокот на изградбата на третиот мост на Босфор, кој ќе ја поврзува азиската и европската страна на Истанбул.

Мостот, со осум ленти за возење и две за шини, ќе биде еден од најдолгите висечки мостови во светот, пренесува агенцијата АП.

Проектот ќе чини три милијарди долари, тој има за цел да го ублажи сообраќајниот метеж во градот кој има речиси 15 милиони жители. Мостот ќе го гради турско-италијанскиот конзорциум, а неговото отварање е планирано за 2015 година.

Претседателот на Турција, Абдула Ѓул, изјави дека новиот мост ќе го носи името „Јавуз Султан Селим“, според отоманскиот султан кој владеел од 1512 до 1520 година.

Европската и азиската страна на Истанбул во моментов ја поврзува Босфорскиот мост и мостот „Султан Мехмед Освојувачот“.

Пред околу една година, турско-италијанскиот градежен конзорциум ја даде најдобрата понуда на тендерот за изградба на мостот над Босфор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП