24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRosneft и Inpex: Заедно до нафта

Rosneft и Inpex: Заедно до нафта

nafta12

Претседателите на руската нафтена компанија „Rosneft“ и јапонската корпорација „Inpex“ потпишаа протокол за проширување на соработката во еклплоатацијата на нафта.

Предмет на соработка се проектите „Магдан 2“ и „Магдан 3“, наоѓалишта во Магаданската област, на длабочина од 200 метри, пренесува Итар тас.

Залихите на нафта во овие наоѓалишта се проценуваат на 3,4 милијарди барели, што одговара на тригодишните потреби на Јапонија. Истражувањата на таа локација би можеле да започнат во 2017 година, а експлоатацијата на средината на 2020 година.

Претходно беше објавено дека владата на Јапонија е подготвена да обезбеди целокупна поддршка на заедничкиот проект на „Rosneft“ и „Inpex“. Финансиската помош во фазата на истражување ќе ја даде Јапонската национална корпорација за нафта, гас и метан.

Според некои податоци, таа би можела да покрие од 50 до 75 проценти од трошоците. Експлоатацијата ќе биде кредитирана и од Државната банка за меѓународна соработка на Јапонија.

Корпорацијата „Inpex“ е под контрола на владата во Јапонија, а се занимава со истражување и експлоатација на нафта и природен гас во различни делови од светот.

Токио придава големо значение на договорот со руската компанија, бидејќи се надева дека благодарение на оваа соработка ќе ја намали зависноста од земјите од Блискиот Исток. Во моментов Јапонија, од тие земји набавува околу 80 проценти од нафтата што се користи во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП