20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Франција мора да ги забрза реформите

ЕК: Франција мора да ги забрза реформите

fran1

Франција мора да го реформира скапиот пензиски систем и да го уреди строгиот пазар на труд за нејзината економија да започне да се опоравува, порача Европската комисија.

Комисијата исто така за две години го продолжи рокот до кој Франција може да го намали буџетскиот дефицит под границата од три проценти, која е поставена од страна на ЕУ, пренесува агенцијата Франс Прес.

Франција оваа година би требало да го намали јавниот дефицит на 3,9 проценти од бруто домашниот производ (БДП), во наредната година на 3,6 проценти, а во 2015 година на 2,8 проценти. Според моменталните проценки, францускиот буџетски дефицит оваа година ќе изнесува 3,9 проценти, но во текот на наредната ќе се зголеми на 4,2 проценти, додека БДП во 2013 година ќе се намали за 0,1 процент.

Комисијата наведува дека Париз, за да ги исполни новите цели, мора да продолжи со започнатите мерки за либерализација на пазарот на труот, реформите во фискалниот систем и отстранување на ограничувањата во економијата. Клучниот чекор, според Комисијата, се реформите во пензискиот систем до крајот на годината.

Покрај тоа, Франција мора да продолжи да ги намалува трошоците за работата на работодавците, како што се придонесите за социјално осигурување, потоа да го стимулира услужниот сектор и да ја зголеми неговата конкурентност, особено во областа на мали и средни претпријатија, како и да го уреди даночниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП