29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбука за македонските фирми за поефективен извоз

Обука за македонските фирми за поефективен извоз

canstockphoto2783414winecheese-630x421

Бизнис Конфедерација на Македонија денеска организира работилницата на тема „Обука за извозна едукација -Учиме извоз и презентација на Е-владини решенија ”.

Целта на работилницата е да се информираат и едуцираат сите заинтересирани претпријатија за кои излезот на странски пазари претставува сегашна или идна деловна активност.

Работлницата се организира во соработка со aгенциите за поддршка на претприемништвото и за странски инвестиции и промоција на извозот, Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот и Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

На обуката ќе биде појаснета практичната примена на маркетинг алатките (прашањата на истражување на пазарот, канали на дистрибуција, извозни понуди, извозни цени и извозни договори) што треба да придонесат за ефективен извоз.

Обуката е тематски дефинирана согласно методологијата развиена од страна на УСАИД Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот и во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП