28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледниот петок вратите на Собранието ќе бидат отворени за граѓаните

Следниот петок вратите на Собранието ќе бидат отворени за граѓаните

Од Собранието на РМ информираат дека следниот петок, 23 февруари, зградата на македонскиот парламент ќе бидe отворена за посета од страна на граѓаните.

Како што истакнуваат оттаму, присутните ќе може да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.

Воедно, службите на Собранието на Република Македонија потсетуваат дека тоа е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефонскиот број 02/3182-227 или на имејл-адрсата [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетaта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП