6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА92 возила вчера биле кренати од „Пајакот“ поради непрописно паркирање во Скопје

92 возила вчера биле кренати од „Пајакот“ поради непрописно паркирање во Скопје

Пајак-службата во Скопје вчера кренала 92 непрописно паркирани возила, информира МВР.

Од таму информираат дека во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле девет сообраќајни несреќи, во кои две лица добиле тешки телесни повреди, а 10 лесни.

Вчера сообраќајната полиција казнила 25 возачи што управувале возила со брзина поголема од дозволената. Исто така, од сообраќај се исклучени и 22 возача – 18 без возачка дозвола, а четири лица возеле под дејство на алкохол. Тројца возачи се санкциониран бидејќи поминале на црвено светло, пет возачи неправилно се престроиле, а тројца неправилно престигнувале. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак што поминале коловоз надвор од пешачки премин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП