Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер, велат од управата за хидрометеоролошки работи.
Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 11 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Највисоката дневна температури на воздухот ќе достигне до 8 степени.
И за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег.
Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.