2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Штип одржана дебата за наставните планови и програми

Во Штип одржана дебата за наставните планови и програми

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска, вчера беше во посета на општина Штип, од каде започнува спроведувањето на повеќе дебати со наставници од основните училишта во земјата, а со цел да се слушнат различните мислења и сугестии за надградба на новите наставни планови и програми во основното образование.

Настанот почна со детална презентација на професорот Велковски за најавените реформи во основното образование.

На оваа прва средба со претставниците од училиштата од источниот регион, како и професори од Педагошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, министерката ги повика сите заинтересирани активно да се вклучат во дискусиите, потенцирајќи дека важно е мислењето на секој поединец и дека секој издржан предлог сериозно ќе се разгледа и интегрира во новите наставни програми за учениците од прво до трето одделение.

„Сметаме дека создаваме образование што ги почитува интересите на учениците и ја развива љубовта кон учењето, им дава слобода и ја поттикнува креативната работа на наставниците“, изјави министерката Дескоска.

Претходно, посетата на Штип, Дескоска придружена од градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, ја искористи и за средба со учениците од основното училиште „Славејко Арсов“, каде неодамна е изградена и пуштена во употреба нова спортска сала, како дел од проектот за озградба на 145 училишни спортски сали што го реализира Минитерството за образование и наука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП