23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот извоз на вино и алкохолни пијалаци забележа рекордна година

Францускиот извоз на вино и алкохолни пијалаци забележа рекордна година

Францускиот извоз на вино и алкохолни пијалаци постави нов рекорд за 2017-та година благодарение на силната продажба во САД и Кина и покрај поскапувањето на еврото, изјави Федерацијата на француските извозници на вина и алкохолни пијалаци (FEVS).

Вината и алкохолните пијалаци се рангирани на второто место во извозот во Франција по воздушната индустрија и пред парфемите и козметиката, пишува „Ројтерс“.

„Сите француски региони имаат корист од овој раст на извозот“, рече новиот претседател на „FEVS“, Антуан Лечија за „Ројтерс“.

Продажбата на извоз достигна 12,91 милијарди евра, што е за 8,5 отсто повеќе од 2016-та година, се вели во соопштението на федерацијата.

Продажбата на вино се зголеми за 6% во однос на обемот, што е прв петгодишен раст.

Главниот мотор на извозот е САД и Кина, кои се соодветно првиот и третиот најголем пазар за француски вина и алкохолни пијалоци.

Во САД, продажбата се зголеми за 9,5% и за прв пат ги собори праговите од 3 милијарди евра. Најголем импулс му беше даден на коњакот, кој учествува со 40% од вредноста на извозот.

Во Кина, каде што растот на горната средна класа ја придвижи продажбата на луксузни стоки, испораките скокнаа за дури 24,5 отсто на 1,2 милијарди евра, главно поради брендито и виното.

„Кинеските купувачи знаат подобро за производите. Тие купуваат повеќе луксузни пијалаци“, рече Леција.

По неколку години стагнација во Кина, продажбата на коњакот на „LVMH“, „Pernod Ricard“ и „Remy Cointreau“ се опоравува.

Вкупниот извоз на коњак се зголеми за 10,8% на 3,07 милијарди евра во 2017-та година. Продажбата на вино скокна за 9,6% на 8,67 милијарди евра, вклучувајќи го и порастот од 7,4% на 2.82 милијарди евра за шампањ, вели федерацијата.

Во Велика Британија, вториот по големина француски вински и алкохолен пазар, продажбата се зголеми за 2,7 отсто на 1,33 милијарди евра. Продажбата на шампањ во Велика Британија, сепак, се намали за околу 4-5% погодена од разликата на еврото во однос на фунтата по гласањето за „Брегзит“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП