3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Намалена прогнозата за економскиот раст на Кина

ММФ: Намалена прогнозата за економскиот раст на Кина

P

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)денес ја намали прогнозата за раст на кинеската економија за оваа година од првичните 8 проценти на 7,75 проценти, наведувајќи го како причина бавното глобално заздравување кое му штети на кинескиот извоз.

„Се очекува дека кинеската економија во оваа година ќе порасне за околу 7,75 проценти, а со слично темпо и наредната година”, изјави првиот заменик на извршниот директор на ММФ, Давид Липтон во Пекинг, за време на редовните консултации на оваа институција со кинеската влада.

Кина е втората најсилна економија во светот и таа се смета за потенцијален придвижувач на глобалното заздравување во текот на должничката криза во еврозоната и нестабилниот раст во другите земји.

Во извештајот на ММФ, под назив „Перспективите на глобалната економија“ од минатиот месец, беше прогнозиран раст на Кина од 8 проценти за 2013 година и 8,2 проценти за наредната година.

Кинеската економија минатата година се зголеми за 7,8 проценти, што е најбавното темпо во последните 13 години, и регистрираше изненадувачки слаб раст во првите три месеци од оваа година кој изнесуваше 7,7 проценти.

Липтон изјави дека слабоста на глобалната економија е главна причина за забавувањето на растот на кинескиот извоз.

„Кинескиот извоз по неколку години со силен раст, значително забави како последица на состојбата на глобалната економија“, изјави Липтон.

Предвидувањата на ММФ се над прогнозите на кинеската влада, која за оваа година предвиде раст од 7,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП