28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ: Ќе избереме нова фирма за ископ на јаглен, оваа е привремена

ЕЛЕМ: Ќе избереме нова фирма за ископ на јаглен, оваа е привремена

„Електрани на Македонија“ велат дека поради раскинување на договорот со фирмата „Трансмет“, која се повлекла од добиениот тендер, биле принудени итно да склучат договор со фирмата „Пелистер“.

„Поради таквата ситуација, настана застој во ископот на јаглен во РЕК „Битола“, по што ЕЛЕМ пристапи кон распишување нов тендер за ископ, а периодот од три месеци до избор на нова фирма на тендерот се покри со склучување привремен договор со една од фирмите што беа поканети во РЕК „Битола“ да ги изнесат своите понуди и да понудат услови за ископ на јаглен во наведениот привремен период“, велат од ЕЛЕМ.

Како што велат, договорот со новата фирма, која ќе добие 2,5 милиона евра, не може да трае подолго од една година бидејќи акционерското друштво не можело да го предвиди времетраењето на тендерските постапки за избор на нов ископувач на јаглен.

„Наведено е дека важноста на договорот со „Пелистер“ прекинува кога на тендерот, кој е распишан преку јавна е-аукција, ќе биде избрана нова фирма за ископ на јаглен за РЕК ‘Битола’, што се очекува да биде реализирано во следните три месеци“, додаваат од ЕЛЕМ.

Според нив, ова не е резултат на лошо планирање или свесно создадена ситуација.

„Макфакс“ објави дека за два месеца приватните фирми преку итни договори од ЕЛЕМ инкасирале повеќе од 3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП