2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосно нов објект за градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе

Целосно нов објект за градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе

Во населбата Тафталиџе во скопската општина Карпош денеска започна реконструкцијата на дел од објектот на градинката „Мајски цвет“, со која старата градба од монтажен карактер се заменува со цврста градба, според современи стандарди.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, посочи дека на овој начин се зголемува капацитетот на градинката и ќе се овозможат подобри и побезбедни услови за престој, едукација и работа на децата и воспитниот кадар.

„Ова е инвестиција во вредност од 10.614.271 денари, која целосно ќе биде финансирана од буџетот на Општината. Со новоизградениот објект ќе се добијат четири нови занимални за дечињата и 150 квадратни метри дополнителен простор во споредба со претходната монтажна градба“, рече Богоев.

Изведувач на проектот е фирмата ДГПППУ: „Инженеринг гроуп“, а рокот на изведба е 120 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП