
Вчера на официјалниот сајт на Македонската берза, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп излезе со соопштение дека врз основа на Пресудата на Управниот суд Упрк бр. 2/2017, Решението бр ПП бр. 09-7/10 од 22.05.2017 година од Комисијата за заштита на конкуренција со кое на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп и беше изречена глоба во износ од 166.778.900,оо денари беше поништено и предметот беше вратен на повторно одлучување.

