
„Меѓународен аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик International Airport Skopje.


„Меѓународен аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик International Airport Skopje.
Вчера во „Службен весник“ се објавени одлуките на Владата за преименување на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица.
Одлуката треба да биде доставена до Министерството за транспорт и врски, до „ТАВ Македонија“ ДООЕЛ Скопје и до АД за аеродромски услуги ,,Аеродроми на Македонија“ за спроведување активности што произлегуваат од нејзиното реализирање. Објавена е и одлуката за името на автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица (Коридор X), според која, новиот назив ќе гласи „Пријателство“.