2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа спортисти средношколци Град Скопје ќе доделува стипендии

За спортисти средношколци Град Скопје ќе доделува стипендии

Градот Скопје, преку својата програма за активностите во областа на спортот и младите, традиционално издвојува значителни средства за поддршка на средношколскиот спорт.

Градоначалникот Петре Шилегов рече дека го радува фактот што владее спортскиот дух меѓу младите и упати силен апел до нив да спортуваат, да се натпреваруваат и да постигнуваат успеси.

„ Поттикнувајте фер игра и соочете ги способностите и амбициите. Само така ќе придонесете за здрави и дисциплинирани генерации. Јас како ваш градоначалник секогаш сум тука со поддршка за остварување на вашите спортски соништа, бидејќи вложувањето во индивидуалните соништа и лични капацитети значи влог во заедницата во која живееме“, порача Шилегов.

Тој ги информираше присутните во салата дека годинава за мотивација на средношколците Градот Скопје ќе доделува и стипендии за спортисти – средношколци во средните училишта на неговата територија, и дека паралелно со реконструкцијата на училишните објекти ќе се направи реконструкција и на спортските сали. Наградниот фонд кој е предвиден за стипендии изнесува 3 милиони денари, што значи дека Градот ќе стипендира вкупно 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, со по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.

Исто така, како и секоја година, најдобрите екипи од средните училишта и годинава ќе имаат можност за спортска дружба со нивните врсници од странство. По успешните гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и Белград, Градот Скопје годинава обезбеди буџетски средства за патување во еден од европските збратимени градови за најдобрите средношколски екипи во мал фудбал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.

Бројот на учесниците во овие лига и турнир систем натпревари во средните училишта секоја година се зголемува, а годинава веќе ја надмина бројката од 6.000 ученички и ученици од 29 средни училишта во Скопје. За организација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот годинава од својот буџетот одвои 2,3 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП