18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА(ВИДЕО)Анѓушев: За два месеца осум нови инвестиции со над 75 милиони евра...

(ВИДЕО)Анѓушев: За два месеца осум нови инвестиции со над 75 милиони евра и повеќе од 1.500 вработени

“Во последните два месеци по претставувањето на Програмата на Владата за економски раст има нови осум инвестиции во ТИРЗ-и, во вкупна вредност од 73,5 милиони евра, што ќе отворат 1.570 нови работни места”, информираше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„За два месеца, со нула потрошени пари имаме осум нови инвестиции со над 75 милиони евра и повеќе од 1.500 вработени, а за седум години, со потрошени 225 милиони евра, имаше само 23 инвестиции. Уште не сме ја почнале Програмата, а веќе се потпишани осум нови договори, а во скоро време ќе има уште 30 нови договори за странски инвестиции“, рече Анѓушев и најави дека има заинтересираност и кај домашните компании за инвестирање.

Како што кажа Анѓушев, шест од странските компании, кои се веќе присутни во земјава, најавиле удвојување на своите капацитети, по препознавањето на можностите што ги нуди Програмата за економски раст.

Директорот на ДТИРЗ Младеновски претстави повеќе детали за најновата најавена инвестиција во ТИРЗ Скопје 1. „Станува збор за Компанијата САГЕН ДООЕЛ од фармацевската индустрија, која е со седиште во Тирана, Албанија. Висината на планираната инвестиција ќе биде во вредност од над 20 милиони евра и се очекува да отвори околу 300 нови работни места. Инвестицијата е поделена во три фази, а за нејзините потреби во ТИРЗ Скопје 1 закупена е парцела со површина од околу 28.000 m2“, рече Младеновски.

Целосниот прес можете да го видите на видеото подоле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП