среда, 7 декември 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕМеден напиток против воспаленија

Меден напиток против воспаленија

Медот благодарение на силното антивоспалително дејство е исклучително благотворен за организмот, особено во случај на болки во грлото или киселини.

Богат со витамини, минерали и антиоксиданти, медот благодарение на силното антивоспалително дејство е исклучително благотворен за организмот, особено во случај на болки во грлото или киселини. Истовремено, јаболковиот оцет ги отстранува дигестивните проблеми, помага во согорувањето на мастите и ги олеснува болките во зглобовите.

Ако овие две состојки се помешаат во чаша вода, односно една лажица јаболков оцет и лажица мед, ефектот ќе биде повеќекратно подобар. За да се почувствува подобрување напитокот треба да се пие наутро на празен стомак, половина час пред појадокот.

Според зборовите на експертите, напитокот помага при различните воспаленија, инфекции, ја регулира хипертензијата, превентивно штити од кожни болести, дебелина и лош здив, а го зголемува и нивото на енергија.

Мешавината е повеќекратно делотворна, бидејќи медот и оцетот стануваат алкални, со што го зголемуваат нивото на pH вредноста, а ја зголемуваат и отпорноста на организмот на бактерии и разни болести.

Повеќе од една чаша дневно не треба да пиете, бидејќи може неповолно да влијае на густината на коските и да го намали нивото на калиум. Дијабетичарите и лицата кои пијат лекови за срцеви болести, не би требало да го консумираат напитокот без консултација со лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП