20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо секторот на иновации ќе се развива соработка меѓу Македонија и Косово

Во секторот на иновации ќе се развива соработка меѓу Македонија и Косово

Министерот за иновации и претприемаштво на Косово, Бесим Беќај, ја предводеше делегацијата која одржа билатерална средба со Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и неговиот тим, во просториите на Владата на Република Македонија.

Состанокот се одржа на иницијатива на Светската банка, која беше претставувана од Марко Мантованели, регионален директор за Македонија и Косово.

На средбата станa збор за програмските активности на Фондот, услугите и можностите што ги нуди, како и за плановите и предизвиците во наредниот период. Фокус во презентацијата беше ставен на новиот план за економски раст на Владата, чиј трет столб се фокусира на финансиска поддршка на микро, мали и на средни претпријатија за иновации и технолошки развој.

Од косовска страна беа истакнати предизвиците со кои е соочено Министерството за иновации и претприемаштво.

„Ние како министерство и самите сме стартап, па затоа сакавме да видиме како функционира вашиот Фонд во поглед на легислативата и финансирањето на привантниот сектор“, посочи министерот Беќај.

На средбата беа образложени детали за инструментите што Фондот за иновации и технолошки развој ги спроведува со цел зајакнување на конкуренцијата во приватниот сектор и националниот економски пораст.

„Во однос на институционалната поставеност, моделот на Министерство за иновации што го развива Косово, по примерот на Словенија и повеќе други држави од ЕУ, може да биде корисен и за Македонија“, кажа Јован Деспотовски, директор на Фондот.

Како иницијатива за развивање на соработката, министерот Беќај најави и реализација на регионална конференција посветена на иновативноста и претприемаштвото што би се одржала во септември 2018 година.

Стручни лица на Фондот за иновации и технолошки развој во наредниот период ќе престојуваат во Приштина со цел поддршка на активностите на косовскиот партнер во развој на правната рамка и инструментите за финансирање на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП