7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина воведува антидампинг царини на американските хемикалии

Кина воведува антидампинг царини на американските хемикалии

Кина ќе бара од увозниците на американските индустриски хемикалии да остават депозити во рамките на подготовката за евентуално воведување на антидампинг царини.

Кинеското Министерство за трговија во прелиминарната одлука објави дека органското соединение стирен мономер за производство на синтетички материјали и пластика, а кое се увезува од Соединетите Држави, Јужна Кореја и Тајван, се продава по цени кои се за пет до 10,7 проценти под пазарното ниво.

Увозниците сега ќе мораат да уплатуваат т.н антидампинг готовински депозити, додека Министерството не ја заврши истрагата и не донесе конечна одлука.

Во соопштението на Министерството се наведува дека дампинг цените и нанеле „значителна штета“ на кинеската индустрија на стирен.

Оваа мерка доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец одобри поголеми царини на соларната опрема и машините за перење алишта произведени во Кина, за кои Вашингтон тврди дека се продаваат по нерегуларно ниски цени, потсетува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП