28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМрачни прогнози за Грција

Мрачни прогнози за Грција

grcija2

Централната банка на Грција соопшти дека економијата на таа земја ќе ослаби за дополнителни 4,6 проценти во 2013 година, со раст на невработеноста на 28 проценти.

Ваквите проценки на центалната банка на Грција се значително полоши во однос на проценките кои ги дадоа грчката влада и меѓународните кредитори, кои прогнозираа пад на економијата на Грција од 4,2 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Оваа земја од крајот на 2008 година се наоѓа во рецесија, невработеноста во февруари оваа година се зголеми на 27 проценти, а нејзината економија минатата година забележа пад од 6,4 проценти.

Конзервативната влада вети дека ќе и стави крај на рецесијата во оваа земја и дека во текот на наредните години ќе се врати на финансиските пазари, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП