17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен

Забрана за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека пак на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби на „Македонија пат“, информираат од Авто-мото мото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека снег со слаб интензитет провејува во Дебар, Маврово, Стража, Пресека и Струга, но тој во моментов не се задржува на коловозот.

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар, воведена рано утрово е укината од 08.30 часот, но таква забрана од 8.35 часот е воведена на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП