27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлјада учесници на меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп

Илјада учесници на меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп

Меѓународниот карневал „Прочка 2018“ во Прилеп почнува утре, а ќе трае до 18 февруари. На манифестацијата ќе учествуваат повеќе од 1.000 натпреварувачи од земјава и странство.

Во официјалниот натпреварувачки дел ќе учествуваат групи од градови и општини коишто ги негуваат карневалските традиции. Меѓу нив се: Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква, Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш и други градови.

„Прочка 2018“ ќе почне со изложбата на маски што ги изработуваат учениците од прилепските училишта. A, следниот ден, сабота, учениците до 14 години ќе учествуваат во детскиот карневал, што ќе се одржи на плоштадот во центарот на градот. Во подготовките на детскиот карневал учествуваат сите основни училишта од градот, со своите групни маски и автентична кореографија.

В недела, со почеток во 13 часот, ќе се одржи централната манифестација на карневалот. Учесниците ќе имаат свој настап пред жири-комисијата која ќе ги избере најдобрите маски по категории кои ќе бидат наградени со парични награди и дипломи што ги доделува здружението „Прилепски мечкари“. Делегација на Европската федерација на карневалски градови, во присуство на претседателот Хенри Ван дер Крон, ќе го следи официјалниот дел на карневалот. За сите официјални гости, карневалската забава продолжува вечерта во 21 часот во ресторанот на хотел „Липа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП