14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританските работници со највисок раст на платите од 2008-ма

Британските работници со највисок раст на платите од 2008-ма

Британските работници ќе добијат најголем пораст на платите од 2008-ма година благодарение на зголемување на стапките за пониско платените работни места, станува јасно од истражувањето на Англиската централна банка, цитирано од „Ројтерс“. Сепак, ова ќе создаде дополнителни тензии околу стапката на инфлација во земјата.

Во минатата недела централната банка даде сигнал на пазарите дека каматните стапки ќе бидат зголемени побрзо и со повеќе отколку што се очекуваше претходно.

Растот на платите во Велика Британија беше исчезнат по финансиската криза. Но со најниски нивоа на невработеност од 1975-та година и со емигрантите од Европската унија, кои најверојатно ќе се намалат по „Brexit“, платите започнаа да се зголемуваат.

Компаниите планираат просечно зголемување од 3,1% – највисокиот раст од 2008-ма година во споредба со 2,6% во текот на минатата година, се вели уште во студијата на централната банка.

Најголеми зголемувања се планирани во услужниот сектор, каде најголем број луѓе добиваат плати блиски до минималната.

Минималната плата во Велика Британија за вработените над 25 години ќе се зголеми за 4,4% во април до 7,83 фунти (10,85 долари на час), додека платите за младите под оваа возраст ќе се зголемат со над 5%.

Повисоко платените вработени сепак едвај ќе добијат зголемување на платите, бидејќи бизнисот се обидува да го ограничи растот на платите на менаџерскиот персонал до 1-2%, за да ги задржат релативно ниските вкупни трошоци за работна сила.

Од извештајот на централната банка станува јасно уште дека бизнисот чувствува притисок од повисоките задолжителни пензиски придонеси, зголемената инфлација, недостатокот на странски работници и тешкотиите при регрутирање и задржување на персоналот.

Инфлацијата во Велика Британија ги достигна највисоките нивоа од пред пет години, на крајот од 2017-та година, откако фунтата започна да поевтинува по гласањето за „Brexit“ што пак значеше поскапување на увозната стока во земјата.

Според истражувањето на „Ројтерс“ повеќето економисти очекуваат Англиската централна банка да ја зголеми каматната стапка со четвртина процентен поен во мај до 0,75%. Финансиските пазари се поставени за уште еден пораст пред крајот на 2018-та година.

Минатата недела од банката прогнозираа дека годишниот раст на платите ќе достигне 3% до крајот на годината. За споредба, во ноември зголемувањето изнесуваше 2,5% годишно.

Економијата на Велика Британија се забавува нагло во јануари, откако индексот на менаџерите на договорите (PMI) во услужниот сектор се намалуваат до 16-месечен минимум од 53 поени.

Според аналитичарите постои веројатност да се зголеми јазот меѓу британската економија, која е во очекување на „Brexit“, и другите земји кои имаат корист од глобалниот раст. Во комбинација со послабите од очекуваните податоците од минатата недела за производствениот и градежниот сектор се резултатите за активноста во услужниот сектор покажуваат дека шестата најголема економија во светот расте со побавно темпо по одржа гласање за „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП