19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на еден квадрат во Париз 7,600 евра, во Амстердам 3,900...

Цената на еден квадрат во Париз 7,600 евра, во Амстердам 3,900…

Значителниот раст на економијата на еврозоната и изобилството од многу евтини кредити доведе до раст на цената на недвижнините, кој меѓу европските градови најзабележлив е во Амстердам и Даблин.

Според истражувањето на компанијата „Savills“, во Холандија во моментов доаѓа до експлозија на цената на недвижнините покрената од силниот раст на БДП и ниските каматни стапки.

Во Амстердам цените годишно растат за речиси 21 процент, а просечната цена на квадратен метар достигнува 3,925 евра. Слабата понуда, големата побарувачка и стабилната економија резултираа со раст на цените во Даблин за 12,3 проценти, а за „квадрат“ во просек треба да издвоите 3,227 евра.

На трето место е Париз со 8,3 проценти раст. Просечната цена се движи околу 7,590 евра, а на растот влијае и побарувачката поради Брегизт како и одржувањето на Олимписките игри во 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП