Хакери украле повеќе од 17 милиони долари од руските банки користејќи ја програмата „Cobalt Strike“ за неовластен пристап до компјутерите во банките во 2017 година, соопшти Централната банка на Русија.
„Во последната година евидентиран е 21 напад во кој хакерите ја користеле „Cobalt Strike“, изјави вицегувернерот на централната банка Дмитриј Скобелкин на конференцијата за новинари во рускиот град Магнитогорск.
Повеќе од 240 кредитни организции, како што додава, биле погодени од хакерски напади, од кои 11 се изведени успешно.
„Износот на украдените пари надмина милијарди рубљи“, изјави тој.