8 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот останува солидна поддршка за германската економија

Извозот останува солидна поддршка за германската економија

Германската економија расте како што се очекуваше на крајот од 2017-та година, објави „Ројтерс“. Во четвртиот квартал од минатата година БДП-то на најголемата економија во Европа расте со 0,6%, но малку побавно во однос на претходните три месеци, кога показателот забележа раст од 0,7%.

Позитивен придонес кон растот во Германија има надворешна побарувачка. Истовремено, владините трошоци се зголемуваат, додека потрошувачката на домаќинствата останува на исто ниво како и претходниот период. Пријавен е мал пад за инвестиции во градежништвото.

За цела 2017-та година, БДП-то на Германија порасна за 2,2%, со потврдени прелиминарни (неприлагодени) податоци објавени во јануари. Календарски „испегланите“ податоци забележаа раст од 2,9% во четвртиот квартал од 2017-та година. Ова е помалку од консензус прогнозата од 3,0%, но се уште е најсилната стапка на раст од вториот квартал на 2011-та година.

Експанзијата на економијата на крајот на 2017-та година е всушност 14-ти по ред квартал на пораст на БДП-то во земјата.

Германската економија останува силна со високи нивоа на вработеност и покрај зголемувањето на еврото, со што се намалува ценовната конкурентност на извозот. Сепак, податоците покажуваат дека германскиот извоз се зголемил за 6,3% во 2017-та година во споредба со 2016-та година, а увозот е зголемен за 8,3%. И извозот и увозот го надмина рекордот од 2016-та година. Минатата година извозот достигна 1.2794 илјади милијарди евра, додека увезените стоки изнесуваат 1,0345 илјади милијарди евра.

„Германија јасно покажува две различни лица: добро познатата силна и со високи перформанси економија, како и несигурна и кревка според политичката ситуација“, коментира Карстен Бржески, економист во „ING“, цитиран од „Market Watch“. Според него ако се суди од претходните циклуси, економијата може да ги продолжи сегашните стапки за барем уште една или две години без да покажува знаци на „прегревање“.

Германската влада дури ги зголеми прогнозите за економски раст во 2018-та година од 1,9% на 2,4%.

Во јануари инфлацијата во земјата остана непроменета до 0,7%, достигнувајќи 1,6% на годишна основа, и остана непроменета.

Слабата инфлација во Германија го поддржува внимателниот пристап на Европската централна банка за намалување на монетарните стимулации без преседан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП