1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите и ОПЕК конечно до целта, можно е САД да уништи се

Русите и ОПЕК конечно до целта, можно е САД да уништи се

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери ја остварија целта поврзана за отстранување на вишокот од глобалната понуда на нафта.

Сепак, нивните напори можат да бидат загрозени од растечката залиха во САД и во другите ривалски земји, посочи Меѓунаордната агенција за статистика (IEA).

Залихите на нафта во развиените змеји во декември опаднаа по најголемата стапка во повеќе од шест години, бидејќи напорите на ОПЕК и Русија за намалување на понудата започнаа да даваат резултати, пренесува њујоршката агенција Блумберг повикувајќи се на оценките на IEA.

Расчистувањето на вишокот во понудата допринесе и за зголемување на потрошувачката, поради што IEA ја зголеми прогнозата за растот на глобалната побарувачка за 2018 година, за околу 100.000 барели дневно на 1,4 милиони барели дневно.

Сепак, стратегијата на ОПЕК би можела да биде загрозена, бидејќи растот на цените на нафтата на тригодишен максимум го поттикнуваат производството во САД.

Имено, американското призводство наскоро ќе го надмине производството во Саудиска Арабија, најголемиот производител на нафта во ОПЕК, и можеби до крајот на годината ќе го надмине производството во Русија, покажуваат податоците на IEA.

ОПЕК и Русија, некогашните големи пазарни ривали, на крајот на 2016 година постигнале договор за намалување на прекумерната понуда на глобалниот пазар за нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП