9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOхридскиот Регион нема да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО

Oхридскиот Регион нема да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата за изработката на Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, како и извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките.

Согласно со препораките, соопштија од Владата, преземени се мерки и активности со што е отстранета опасноста Охридскиот Регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО.

„Владата го задолжи Министерството за култура, преку Национална комисија за УНЕСКО да го достави извештајот до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, во рок од 10 дена од усвојувањето на информацијата“, соопштија од владината прес-служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП