Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

НБРМ објави конкурс за едукативна игра

Време: 16:59

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со цел поттикнување поголем интерес за знаења од областа на економијата и финансиите, Народната банка објави конкурс за изработка на едукативна игра, веб/мобилна апликација.

„Едукативната игра ќе биде наменета за пошироката јавност, а пред сè за младата популација. Преку играта младите ќе имаат можност да се забавуваат, да пројават поголем интерес за областа на економијата и финансиите и да го збогатат сопственото знаење. Едукативната игра треба да биде создадена согласно со возраста на целната група. Изработката на најдобра едукативна игра ќе се спроведе во две фази. Во првата фаза, авторите треба да изработат идејно решение во рок од еден месец од објавата на конкурсот и во втората фаза, авторите треба да изработат едукативна игра (веб/мобилна апликација) во рок од три месеци од прифатеното идејно решение“, соопштија од НБРМ.

Од Народната банка појаснуваат дека во првата фаза се очекува авторите да достават идејно решение во кое ќе биде опишана едукативна игра (веб/мобилна апликација) преку слики и текстуално. Секој автор што ќе достави идејно решение коешто ќе биде прифатено од страна на Комисијата за избор на едукативна игра, ќе се смета дека ги прифаќа условите наведени во конкурсот. Вработени од Народната банка ќе соработуваат со сите автори коишто ќе достават идејни решенија, ќе ги насочуваат авторите во однос на содржината и текстуалниот дел во игрите за да можат заеднички, преку консултации, да го развијат конечниот производ (едукативната игра). Идејните решенија за видовите едукативна игра им се оставаат на имагинацијата на авторите.

Краен рок за доставување на едукативните игри е 13 март 2018 година. На избраните автори ќе им се додели награда за едукативна игра (веб/мобилна апликација), и тоа: за прво место 50.000,00 денари, нето; за второ место 25.000,00 денари, нето; и за трето место 15.000,00 денари, нето. Наградите ќе бидат доделени по завршувањето на конкурсот на јавен настан во организација на Народната банка.

Наградените едукативни игри ќе бидат поставени на интернет-страницата на Народната банка.

За подетални информации, заинтересираните можат да се обратат на електронската пошта: [email protected]

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • TI: Сопствениците јавни само во една држава

    TI: Сопствениците јавни само во една држава

    Групата од 20 индустриски и земји во развој (G20) за 2 години бавно напредува со подобрувањето на законските мерки за обезбедување транспарентност. Ова е заклучок…

  • Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Сараевo Бизнис Форум, кој ќе се одржи оваа година на 25 и 26 април во Сараево (БиХ), ќе понуди бројни атрактивни теми за бизнис заедницата…

  • Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Во завршницата од дводневната агенда на првиот Дигитален самит на Западен Балкан министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за информатичко општество и администрација,…

  • Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) го објави почетокот на продажбата на мнозинскиот удел во „Hellenic Petroleum“. Во продажба ќе бидат понудени не помалку од 50,1%…

  • Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит, во рамките на „Натпреварот за убедување“, имаа можност да ги презентираат…

  • Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Десет стартап-компании од шест држави од регионот ги претставија своите бизнис-идеи на „Натпреварот за убедување“, што се одржува денеска на Саемот на ИТ-фирми во рамките…

  • МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    Електромонтерите на МЕПСО, во соработка со активисти на здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, поставуваат 10 нови платформи за гнездење на царскиот орел…

  • ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    Канцеларката Меркел ја поддржува идејата за воспоставување на Европски монетарен фонд (ЕМФ), под услов националната влада да има надзор во неговото функционирање. Имено, германските конзервативци…

  • Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Значителен број на инвеститорите одлучија да не го пријават профитот од тргувањето со дигитални валути, според една студија објавена во „MarketWatch“. Според истражувањето спроведено од…

  • Индеските во плус поради растот на суровините!

    Индеските во плус поради растот на суровините!

    На Азиските пазари, индексите најголем раст забележаа во енергетскиот и рударскиот сектор, бидејќи, растот на нафтата предизвика поскапување на другите суровини. Азискиот индекс „MSCI AC“…