Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Анализа: пензии – заминување подоцна или повисоки придонеси? Нешто мора да се направи!

Време: 15:02

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Секоја година има се повеќе пензионери и се поголеми расходи на Фондот за пензиско (ПИОМ). Експертите препорачуваат итни реформи. Владата засега не коментира. Синдикатите и бизнисмените со различни ставови. Дали ќе расте старосната граница или процентот на придонеси?

ССМ со контрадикторни ставови

Најголемата синдикална организација со контрадикторни и спротивставени ставови по ова прашање.

Сојузот на синдикати (ССМ) најпрвин порача дека би поддржале постепено зголемување на старосната граница но во комбинација со враќање на стажот како основа за пензионирање и откако ќе се изработи длабинска анализа.

„Стручната анализа ќе покаже дали постојат услови и потреба од промена на висината на процентот од плата за придонес за ПИО и дали постојат можности дел од евентуално зголемување на овој процент да биде на товар на работодавачите како што тоа е случај во земјите од нашето опкружување“ соопштија викендов.

Сепак, неколку дена подоцна ССМ како да се премисли, ја тргнаа спорната реченица од соопштението на нивниот официјален сајт откако дел од гранковите синдикати се побунија дека воопшто не биле консултирани за ова прашање.

„Синдикатот на УПОЗ се оградува од ставовите на ССМ. Изненадени сме од начинот на кој е издадено соопштението. За вакво прашање е потребна широка расправа во синдикатот за да се изгради заеднички став“  велат во УПОЗ.

За четврток е закажан состанок на кој ќе се изгради конечниот став.

КСС против зголемување на границата

Од друга страна Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) излезе со став дека не го поддржува предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Тоа нема значително да придонесе кон зголемување на пензискиот фонд, негативно ќе влијае врз работниците, компаниите и економијата“ соопштуваат од КСС.

Оваа синдикална организација смета дека зголемувањето на придонесите за 2% би можело да се прифати доколку постои консензус со организациите на работодавачите преку разгледување на краткорочните и долгорочните импликации од реформата.

Оттаму сметаат дека е потребно системски да се работи на унапредување на одржливоста на пензискиот систем и тоа преку повеќе политики како што е зголемување на стапката на вработување преку активните мерки.

Работодавачите не прифаќаат промени

Работодавачите не прифаќаат зголемување ни на придонесите ни на старосната граница како опции за намалување на дупката во фондот. Првото би значело поголем трошок за фирмите, а второто било несоодветно решение бидејќи не успеало во други европски земји. Според Конфедерацијата на работодавачи ПИОМ може да се стабилизира првенствено преку зголемување на вработеноста и сузбивање на сивата економија.

„Ние пред се сакаме да се формализира економијата бидејќи во спротивно е директна конкуренција на веќе формализираната економија. Многу е важно кога сите учествуваме во системот сите и да придонесуваме во системот. А не државата за некои да биде мајка а за некои маќеа“ вели Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи.

На иста линија се и Агенциите за посредување при вработување – сметаат дека процентот на неформална односно сива економија е огромен и токму тоа е најголемиот проблем.

„Тоа е опфаќање на сите лица кои се ангажирани во сивата економија, кои што работат и заработуваат, а на државата не и плаќаат ништо односно не и плаќаат придонеси за пензиско осигурување, според некои проценти такви има преку 150 илјади во државата“ вели Раде Ненадиќ, агенција за посредување при вработување.

Експертите препорачуваат итни реформи

Нешто сепак мора да биде преземено сметаат економските експерти кои изработија и анализа за одржливоста на Фондот за пензиско. Тие препорачуваат повисоки придонеси веднаш и поместување на старосната граница за пензионирање по пет години.

„Товарот е споделен и истовремено промените се постепени и имаат можност да се прилагодат на економијата. Тоа значи дека по пет години нас економијата ќе ни биде на повисоко ниво и веројатно невработеноста ќе биде на едно пониско ниво, па така поместување на границата за една година после пет години ќе биде полесно да се издржи отколку границата да се промени во овој момент“ изјави Благица Петрески, главен економист во Институтот за економски истражувања „Finance Think“.

Дупката во ПИОМ почна да се зголемува со воведување на вториот пензиски столб и со намалување на придонесите а потоа се продлабочуваше со несоодветното зголемување на пензиите.

„Ефектите од намалувањето на придонесите генерално отидоа кај работодавачите. Значи во профити се претворија. Добро, дајте сега вие малку да го поддржите, бидејќи не по своја вина учествувавте во таква работа. Не велам со намера туку системот го дозволи тоа.“ , рече Павле Гацов, даночен советник.

ММФ и Светска Банка – ПИОМ не е одржлив

Претходно и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската Банка излегоа со слични препораки – Меѓународниот монетарен фонд  заклучи дека земјата мора да направи повеќе за да се спротивстави на негативниот демографски тренд.

„Старосната граница за пензионирање во Македонија е пониска отколку што е просекот во Европа… Границата за одење во пензија мора де се помести, односно вработените да се пензионираат постари, но исто така и да се направат измени на законите кои овозможуваат порано пензионирање“ наведе ММФ во ноемврискиот извештај за земјава.

Светската Банка, пак, предложи да се запре со зголемувањето на пензиите, да се оди само со законски предвиденото прилагодување со растот на инфлацијата и трошоците на живот.

„Целта е да се намали зависноста на Пензискиот фонд од тие трансфери. Ние работиме на параметриски измени во законската регулатива, кои ќе ги намалат тие притисоци “ рече Бојан Шимбов, виш економист од канцеларијата на Светска банка во Македонија (17.11.2017).

Светската Банка прави дополнителни анализи кои би помогнале за стабилизирање на ПИОМ.

Владата засега не коментира

Јавноста се бранува, но Владата засега молчи. Пред неколку месеци министерката за труд и социјална политика рече дека ги почитуваат препораките од меѓународните институции и од експертите, но тоа не значи и дека ќе ги прифатат.

„Во Македонија постојат други чекори што треба да се преземат и за тоа ќе излеземе кога ќе имаме детален план. За да може да се стабилизира Фондот, прво нешто што преземавме е дека го почитуваме законското решение за зголемување на пензиите и усогласување, а не ад хок паушални зголемувања што не се основани… Не е единствено решение зголемување на старосната граница. Тоа е последното решение што треба да се преземе, навистина во Македонија има други работи што треба да се надминат во системот“, изјави Мила Царовска во ноември лани.

Во меѓувреме бил формиран посебен Совет од четворица министри, вицепремиерот за економски прашања и директорите на државниот и на приватните пензиски фондови кои треба да најдат системско решение.

Државна пензија за сите – нов удар за Фондот?

Работите дополнително ги компликува владиното ветување за државна социјална пензија за сите без оглед на тоа дали некогаш работеле.

„Владата ќе настапи со предлог за воведување на државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело на територијата на Република Македонија и не ги остварува условите за старосна пензија“, пишува во програмата на Владата.

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) велат дека се уште ги прават потребните анализи.

„Целта е да се опфатат и граѓани кои веќе имале период на осигурување и определен период на работен стаж во Македонија, но тој стаж е под 15 години и немаат стаж на осигурување во друга држава со која Македонија применува договор за социјално осигурување или, пак, со странскиот пензиски стаж и македонскиот пензиски стаж не ги исполнува условите за старосна пензија“ велат од МТСП.

Пензијата што ќе ја добиваат овие лица ќе изнесува 40% од просечната старосна пензија, што во моментов е околу 5.300 денари. Овој проект треба да профункционира во 2020 година.

Расходите на ПИОМ растат секоја година

Според Стратегискиот план на ПИОМ за периодот 2018 – 2020 година потребните пари ќе продолжат да растат.

За 2018-та за исплата на пензии се потребни 878 милиони евра, за 2019-та 917.5 милиони, за 2020-та 968.5 милиони евра.

Фондот нема доволно приходи, па разликата секоја година се дополнува директно од буџетот. Проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека една третина од парите во државната каса годинава ќе бидат потрошени за исплата на пензии, социјална и детска заштита.

Секоја година се повеќе пензионери

Годинава, бројот на корисници на пензија, според официјалните податоци од ПИОМ, ќе изнесува 320.300, вгодина ќе се зголеми на 326.771, а во 2020 година бројот на пензионери ќе изнесува 333.306, или за две години бројката ќе порасне за 13.000 новопријавени пензионери. Споредбената анализа покажува дека бројот на пензионери е во постојан пораст, па така на почетокот од 2017, право на пензија од работничко осигурување, воени и земјоделски пензии имале 307.610 луѓе.

Во Македонија соодносот вработен – пензионер изнесува 2 према 1, односно на секои двајца вработени има еден пензионер, што не е во согласност со европските стандарди и се смета за неодржлив тренд.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Бектеши: Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори

    Бектеши: Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори

    Иако роковите се уште траат, граѓаните веќе да не аплицираат за субвенции за сончеви колектори и ПВЦ или алуминиумски прозори, соопшти денека министерот за економија…

  • Еврозоната и ММФ размислуваат за отпишување на долгот на Грција

    Еврозоната и ММФ размислуваат за отпишување на долгот на Грција

    Шефот на еврогрупата Марио Сентено изјави дека Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд на овонеделните состаноци во Вашингтон ги разгледуваат опциите за идно отпишување на долгот…

  • Раст на туризмот – Македонија најитересна за соседите

    Раст на туризмот – Македонија најитересна за соседите

    Туризмот оди во нагорна линија – државната статистика мери раст и на бројот на гости и на остварените ноќевања. Бизнисмените од овој сектор се жалат…

  • После долго време, франкот повторно опадна!

    После долго време, франкот повторно опадна!

    Еврото на одреден период „флертуваше“ на ниво од 1,24 долари, но приносите на долгорочните американски обврзници пружија подршка на доларот. Со тој потег единствената валута…

  • Еколозите бараат од премиерот стопирање на сите градежни активности во Охридското подрачје

    Еколозите бараат од премиерот стопирање на сите градежни активности во Охридското подрачје

    Владата во извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО целосно ја игнорира препораката за мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот…

  • „Копачите“ губат пари при цена на биткоинот под 8.600 долари

    „Копачите“ губат пари при цена на биткоинот под 8.600 долари

    Ако цената на биткоина не се врати барем на ниво од 8.600 долари, „копачите“ на виртуелната валута ќе продолжат да се во загуба, покажа анализата…

  • Санкциите на Русал почнуваат да ја загрижуваат германската индустрија

    Санкциите на Русал почнуваат да ја загрижуваат германската индустрија

    Германија ги упати првите алармантни сигнали за тоа дека американските санкции против еден од најголемите производители на алуминиум ќе нанесат штета надвор од Русија. Политичарите…

  • За развој на социјалното претприемаштво потребна е континуирана поддршка, порачуваат аналитичарите

    За развој на социјалното претприемаштво потребна е континуирана поддршка, порачуваат аналитичарите

    Одржливоста на социјалните претпријатија сè уште претставува предизвик за регионот, вклучително и за Македонија. Без обезбедување континуирани инвестиции и формирање соодветни финансиски инструменти за нивен…

  • График на денот: Во што инвестираат Русите во Велика Британија?

    График на денот: Во што инвестираат Русите во Велика Британија?

    Девет од 25-те Руси според Индексот на милијардери на „Bloomberg“ имаат акции во најмалку една актива во Велика Британија. И не станува збор за било…

  • Тевдовски и Богов на „Пролетни средби“ на ММФ и СБ во Вашингтон

    Тевдовски и Богов на „Пролетни средби“ на ММФ и СБ во Вашингтон

    Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Димитар Богов, од денеска учествува на редовните „Пролетни средби“ на Светска банка…