Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Шилегов ги повика младите архитекти да му дадат нова димензија на градот

Време: 15:01

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Градот Скопје наредниве денови ќе распише конкурс за идејно решение за дизајн на урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило. На презентацијата на конкурсот што денеска се одржа во просториите на Архитектонскиот факултет присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и деканот на Архитектонскиот факултет, Огнен Марина.

„Идејното решение што му е потребно на Скопје опфаќа дизајн на клупа, корпа за отпадоци и заштитно столпче што ќе се поставуваат на јавни простори пред училишта, студентски домови, факултети, плоштади, како и на булевари, магистрални и собирни улици што се во надлежност на Градот. Во нашата заложба за одржлив урбан развој на Скопје влегуваме силно, посветено и транспарентно за да создадеме услови за унапредување на функционалноста и употребата на јавниот простор. Имајќи предвид дека градот Скопје го гледам како град за сите нас, сакам да потенцирам дека претстојниот конкурс ги отвора можностите и за искусните и за почетниците, за возрасните и за младите, за сите фактори што можат, умеат и сакаат да придонесат да живееме во инспиративно и креативно заедничко Скопје“, рече градоначалникот Шилегов на денешната презентација на конкурсот.

Тој додаде дека оваа презентација не случајно се одржува во просториите на Архитектонскиот факултет, при што истакна дека на градот му е потребен поинаков модерен лик кој ќе се издигне над архитектонските и естетски обременувања што Скопје ги доживуваше во минатото.

„Сакам да истакнам дека ова симболично обраќање од тука треба да се сфати како охрабрување и поттикнување на студентите за што поактивно да се вклучат во давањето идеи за дизајн на урбаната опрема за потребите на Градот. Целта ни е да го зголемиме нивото на креативна конкурентност и да дадеме современа димензија на урбаниот стил на градот. Затоа, почитувани студенти, сега ја имате можноста директно да го креирате Скопје за сите нас, вашиот визионерски дух да го пресликате во нашето секојдневие, со вашиот креативен и уметнички капацитет да влијаете врз урбаниот развој на градот. Вие сте прогресивната сила на Скопје, затоа јас како градоначалник ве уверувам дека вашиот глас и визија нема да останат незабележани од оваа градска администрација“, нагласи Шилегов.

Конкурсот за идејно решение за дизајн на урбана опрема ќе биде јавно објавен и отворен за сите заинтересирани. Повикот ќе биде достапен и на интернет-страницата на Град Скопје и ќе трае 30 дена од официјалното објавување. Пријавувањето и добивањето на конкурсната документација ќе се врши преку адресата [email protected] Првата награда на овој конкурс е во вредност од 300 евра, а втората награда од 150 евра.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • TI: Сопствениците јавни само во една држава

    TI: Сопствениците јавни само во една држава

    Групата од 20 индустриски и земји во развој (G20) за 2 години бавно напредува со подобрувањето на законските мерки за обезбедување транспарентност. Ова е заклучок…

  • Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Сараевo Бизнис Форум, кој ќе се одржи оваа година на 25 и 26 април во Сараево (БиХ), ќе понуди бројни атрактивни теми за бизнис заедницата…

  • Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Во завршницата од дводневната агенда на првиот Дигитален самит на Западен Балкан министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за информатичко општество и администрација,…

  • Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) го објави почетокот на продажбата на мнозинскиот удел во „Hellenic Petroleum“. Во продажба ќе бидат понудени не помалку од 50,1%…

  • Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит, во рамките на „Натпреварот за убедување“, имаа можност да ги презентираат…

  • Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Десет стартап-компании од шест држави од регионот ги претставија своите бизнис-идеи на „Натпреварот за убедување“, што се одржува денеска на Саемот на ИТ-фирми во рамките…

  • МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    Електромонтерите на МЕПСО, во соработка со активисти на здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, поставуваат 10 нови платформи за гнездење на царскиот орел…

  • ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    Канцеларката Меркел ја поддржува идејата за воспоставување на Европски монетарен фонд (ЕМФ), под услов националната влада да има надзор во неговото функционирање. Имено, германските конзервативци…

  • Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Значителен број на инвеститорите одлучија да не го пријават профитот од тргувањето со дигитални валути, според една студија објавена во „MarketWatch“. Според истражувањето спроведено од…

  • Индеските во плус поради растот на суровините!

    Индеските во плус поради растот на суровините!

    На Азиските пазари, индексите најголем раст забележаа во енергетскиот и рударскиот сектор, бидејќи, растот на нафтата предизвика поскапување на другите суровини. Азискиот индекс „MSCI AC“…