Инфлацијата во Велика Британија останува на 3% на годишно ниво во јануари, во близина на 6-годишниот максимум во ноември 2017-та година, објави „ВВС“. Економистите очекуваат Индексот на трошоци на живот да се намали до 2,9%.
Во минатата недела Англиската централна банка даде сигнал дека каматите може да бидат покачени побрзо и со повеќе од очекуваното, а стремежот е инфлацијата се доближи до 2% за две години, наместо за три. Инвеститорите сметаат дека добрите каматни стапки ќе се зголемат во мај, а потоа повторно во ноември.
Главната каматна стапка на Велика Британија во моментов е 0,5%. Доколку централната банка ја зголеми истата во согласност со пазарните очекувања, стапката треба да достигне 1% на крајот од годината.
Според последните податоци растот на цените на храната се забавува од 2016-та година, но се забележува зголемување на трошоците за рекреација и култура, облека и обувки, транспорт и друго.
Инфлацијата во Велика Британија се зголемува по гласањето за „Brexit“ во 2016-та година, бидејќи слабеењето на фунтата ја зголемува цената на увезената стока.
„Повисоката од очекуваната инфлација во јануари дополнително го зголемува притисокот врз централните банкари во однос на зголемувањето на каматите“, коментира Крис Вилијамс, економист во „IHS Markit“.
Економијата на Велика Британија драстично забави во јануари откако „PMI“ индексот во услужниот сектор падна на 16-месечен минимум од 53 поени.
Според аналитичарите, јазот меѓу британската економија, очекуван од „Brexit“ и другите земји кои имаат корист од глобалниот раст, веројатно ќе се зголеми. Во комбинација со послабите од очекуваните податоци за производствениот и градежниот сектор резултатите за активноста во услужниот сектор покажуваат дека шестата најголема економија во светот расте со побавно темпо по одржаното гласање за „Brexit“.
Откако беа објавени податоците за инфлацијата, британската фунта се зголеми на 1.3924 долари за 1 фунта.