1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Трансверзалец“: Планинарите да се воздржат од изјави за трагедијата на Кајмакчалан

„Трансверзалец“: Планинарите да се воздржат од изјави за трагедијата на Кајмакчалан

Планинарското друштво „Трансверзалец“ најави дека во наредните денови, најдоцна до петок, ќе се обрати во врска со трагедијата што се случи на Кајмакчалан, при што загинаа младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски, членови на друштвото.

„Трансверзалец“ пред јавноста ќе излезе заедно со Планинарскиот сојуз на Македонија, а до тогаш ги замоли сите планинари да се воздржат од изјави и да ја коментираат трагедијата.

Телата на двајцата планинари викендов беа пронајдени од страна на грчките служби за спасување на врвот Кајмакчалан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП