18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците за нови фарми со ветерници во ЕУ се намалуваат во 2017-та

Трошоците за нови фарми со ветерници во ЕУ се намалуваат во 2017-та

Во 2017-та година инвестициите во нови ветерни паркови се намалуваат за 19% до 22,3 милијарди евра, но во исто време моќност се зголемуваат. Ова го покажува годишниот извештај на „WindEurope“.

Во минатата година се започнати паркови со моќност од 11,5 гигавати, наспроти 10,3 гигавати во 2016-та година, што покажува дека трошоците за реализација на проектите се намалуваат од 2,7 милијарди евра за гигават во 2016-та година до 1,9 милијарди за гигават во 2017-та година.

Од статистиката на организацијата е видно дека минатата година беа воведени во употреба 15,7 гигавати ветерни капацитети, што е 20% повеќе во однос на 2016-та година. Така инсталираните ветерни паркови во ЕУ е веќе 169 гигавати, од кои 153 гигавати се на копно, а 16 гигавати во крајбрежјето на Стариот континент.

Во 2017-та година ветерните паркови во заедницата произвеле вкупно 336 терават-часови електрична енергија, што опфаќа 11,6% од енергетските потреби на ЕУ.

Седум земји во ЕУ запишуваат рекордна година во однос на изградбата на нови ветерни паркови – Германија (6,6 гигавати), Велика Британија (4,3 гигавати), Франција (1,7 гигавати), Финска (577 мегавати), Белгија (476 мегавати ), Ирска (426 мегавати) и Хрватска (147 мегавати).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП