8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЉубов, музика и вино – Рамстор мол го претвораме во Валентино

Љубов, музика и вино – Рамстор мол го претвораме во Валентино

За вљубените секој ден е денот на љубовта, а пак за љубителите на доброто вино, секоја прилика е повод за наздравје. Но, спојот на овие две убави работи е токму на 14-ти Февруари, кога целиот свет слави и изразува љубов.

По тој повод, Рамстор Мол се претвора во Валентино, во центар на љубовта и виното. На своите купувачи им нуди програма за вистинско љубовно доживување. Жива музика на харфа, дегустација на вината на Тиквеш и слатки подароци – се само дел од љубовната атмосфера која ќе се приреди во среда. Убавиот амбиент ќе биде поттикнат и преку љубовен предизвик на инстаграм профилот на молот кој е веќе започнат и преку кој ќе се доделат бројни подароци.

Не очекува еден од најубавите празници. Да наздравиме за љубовта заедно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП