КАРИЕРА

Со помош на оваа јапонска техника можете да заштедите третина од платата

Постои јапонска техника стара сто години која може да ви помогне во водењето нa сметка за трошоците и во тоа како да заштедите пари, а се нарекува Какеибо.

Според оваа техника, на почетокот на месецот морате да ги запишете фиксните приходи и трошоците, а разликата ќе ви открие колку точно можете да потрошите во претстојниот месец.

Втор чекор е да процените колку тој месец сакате да заштедите – тој износ ставете го а страна и потрудете се да не го пипкате доколку не е нешто навистина нужно.

Во текот на месеците бележете ги трошоците во четири категории, подредени според важноста:

1. Преживување – кирија (зависно) сметки, храна, деца…

2. Незадолжителни работи – нова облека, ресторани, нов телефон или лаптоп

3. Култура – филмови, кино, весници, магазини, книги…

4.Посебни трошоци – роденденски подароци, неочекувани поправки, домаќинство.

На краjот на месецот, споредете ја почетната пресметка и потрошениот износ – тоа ја покажува разликата колку сте заштедиле тој месец. Како што се наведува, оваа техника може да доведе до заштеда од дури 35 проценти.