23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШамар за Шојбле, наследникот ја менува суровата економска политика

Шамар за Шојбле, наследникот ја менува суровата економска политика

Градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц смета дека Германија не би требало да им ја диктира економската политика на партнерите во еврозоната.

„Не сакаме да им диктираме на другите европски земји како би требало да се развиваат (економски)“, изјави социјалдемократот Шолц за кој се очекува дека ќе го наследи Волфганг Шојбле на местото министер за финансии во новата германска коалициона влада.

Ројтерс оценува дека коментарот на Шолц е „најасниот знак досега дека Германија планира да ги ублажи своите инсистирања на строгата фискална дисциплина“ во ЕУ.

„Грешки сигурно се направени во минатото“, изјави Шолц, што британската агенција го гледа како суптилна критика за Шојбле, кој ја услови финансиската помош за земјите на југот од Европа како Грција и Португалија со многу непопуларни намалувања на потрошувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП