19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи - нов туристички рај за Русите

Дубаи – нов туристички рај за Русите

Бројот на руски туристи кои минатата година патувале во Дубаи достигнал рекордни 530.000.

Тоа е за 121 процент повеќе од бројот на руски туристи кои Дубаи го посетиле во 2016 година, соопшти Одделението за туризам и комерцијален маркетинг на Дубаи – „Дубаи туризам“.

Во овој месец се објавени резултатите за туристичата година во Дубаи. Во 2017 година забележано е стабилно зголемување на приливот на туристи од целиот свет за 6,2 проценти во споредба со претходната година.

Бројот на гости од Русија значително ги надминува показателите од 2016 година – Дубаи го посетиле 530.000 руски туристи, се наведува во соопштението. Според последните податоци, минатата година овој Емират го посетиле 15,8 милиони гости од разни земји.

Поставен е нов рекорд кој покажува стабилен раст на туристичкиот сектор. „Дубаи самоуверено ја зацврстува својата положба, заземајќи го четвртото место во светот според бројот на посетители. Веруваме дека во иднина Дубаи ќе стане најпосетениот град на светот, со најголем број на гости кои му се враќаат“, изјави претседателот на „Дубаи туризам“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП