29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 21 милион нови компании се oтворени во Кина за 4...

Повеќе од 21 милион нови компании се oтворени во Кина за 4 години

Повеќе од 21,5 милиони нови компании се регистрирани во Кина откако владата во 2014-та година објави нова политика за поддршка и создавање поволни услови за развој на претприемништвото и иновациите, објави новинската агенција „Ксинхуа“.

Државата постепено ги намалува даноците и ги отстранува бирократските бариери за бизнисите преку намалување на износот на различни даноци и такси. Како што забележува агенцијата, големиот и брз развој на претприемништвото и иновациите поттикна раст на економијата, а исто така помогна да се отворат нови работни места и да се зголемат приходите на луѓето.

Од 2014-та година, создадени се над 4.200 нови високотехнолошки претпријатија.

Еден од најдинамично развиените сектори на економијата е трговијата, со зголемување на учеството на „е-трговијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП