3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес умерено облачно со слаб ветер

Денес умерено облачно со слаб ветер

Времето денеска ќе биде умерено облачно, во западните делови претежно облачно и со слаб ветер од променлив правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 8 степени.

Утре времето ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуогоисточен правец.

Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат утре попладне и во среда. Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови на земјава (локално над 30 литри на метар квадратен).На планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а кон крајот на денот и ноќта како и во среда претпладне, снежната граница ќе се спушти и пониско. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а на повисоките места ќе се формира помала снежна покривка. Од среда попладне врнежите ќе престануваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП