2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМВР ќе добие уште 16 возила од Германија

МВР ќе добие уште 16 возила од Германија

Нови 16 возила Германија ќе му подари на македонското Министерство за внатрешни работи. Возилата ќе бидат наменети за Одделот за гранични работи и миграција во рамки на министерството.

Од МВР информираат дека денес заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Марко Акватичи, ќе му ја врачи донацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во февруари, минатата година, Германија донираше четири возила „Дачиа Дастер“ за истиот оддел во македонското министесртво.

Тогаш, германската амбасадорка во Македонија, Кристина Алтхаузер, истакна дека донацијата е со цел зајакнување на техничките капацитети на граничната полиција за нејзино полесно функционирање според современите професионални стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП