10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската централна банка ја намали основната каматна стапка

Руската централна банка ја намали основната каматна стапка

Руската централна банка ја намали основната каматна стапка од 7,75% до 7,5%, откако пониската инфлација даде можност да се намалат каматните стапки пред претседателските избори следниот месец, објави агенцијата „Ројтерс“.

Централната банка соопшти дека ќе ја разгледа можноста за понатамошно намалување на каматните стапки во оваа година, бидејќи годишната инфлација, која изнесуваше 2,2% во јануари, е одржливо мала.

Регулаторот ја намали каматната стапка на земјата шест пати во минатата година, откако инфлацијата, која достигна двоцифрена вредност, падна под целта од 4 отсто. Намалувањето на 25 базични поени одговара на прелиминарните очекувања на аналитичарите интервјуирани од страна на „Ројтерс“.

„Годишната инфлација останува ниска, а краткорочните инфлациски ризици се намалија. Веројатноста за инфлација над 4% е многу мала“, се вели во соопштението на банката. Според Централната банка на Русија, ако средината остане таква каква што е во моментов, во 2018-та година може да биде завршен преминот од затегната кон неутрална монетарна политика.

Пониските стапки се корисни за Русија, бидејќи го стимулираат економскиот раст со зголемување на побарувачката на потрошувачите и, според тоа, поевтино кредитирање. Според „Ројтерс“, ова би можело да им се допадне на гласачите пред новите претседателски избори во земјата на 18-ти март, со што ќе се намали цената на потрошувачките и хипотекарните кредити. Иако се очекува реизбор на Владимир Путин, некои аналитичари посочуваат дека нискиот животен стандард би можел да ги натера многу Руси да не учествуваат на изборите во знак на протест со што да ќе ги разочараат властите во Кремљ кои се стремат да обезбедат висока излезност.

Рубљата се стабилизира на 57,92 во однос на доларот по најавената одлука за намалување на каматните стапки.

Погодена од ниските цени на нафтата и западните санкции, руската економија се намали во 2015-та година и 2016-та година, но забележа мал раст во минатата година благодарение на наплатените цени на нафтата. Имено, добрата економска вест е срцето на изборната кампања на Владимир Путин, која ја резонира со своите главни гласачи – средновечните Руси.

Во деценијата од неговите први избори во 2000-та година, земјата уживаше брз економски раст, поттикнат од високите цени на суровата нафта – главниот извоз на земјата. Путин ги зголеми социјалните трошоци, наметнувајќи построга контрола врз економијата со отстранување на неговите противници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП