25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа зграда ќе биде висока 1.000 метри

Оваа зграда ќе биде висока 1.000 метри

Изградбата на највисокиот облакодер во светот, кој ќе се наоѓа во Џеда, Саудиска Арабија ќе продолжи. За ова информираше шефот на проектот кој е во вредност од 1,5 милијарди долари, додавајќи дека изградбата продолжува и покрај апсењето на дел од бизнисмените кои стојат зад него.

„Да, има доцнење на проектот, но се надеваме да го надополниме и да го отвориме во 2020-та година. При проекти од сличен обем секогаш има забавување“, информира Муниб Хамуд, извршен директор на „Jeddah Economic Co.“ (JEC) во интервју за „Reuters“.

„JEC“ е сопственост на саудиски инвеститори како „Kingdom Holding Co.“ и „Saudi Binladin Group“ кои поседуваат 33 и 16.6 проценти удел. Двете компании и нивните раководители, беа погодени од мерките за борба против корупцијата во земјата.

Сопственикот на „Kingdom Holding Co.“ е принцот Алуалид бин Талал кој беше држен во притвор речиси три месеци и беше ослободен во јануари. Тој рече дека не извршил ништо лошо, но властите во Саудиска Арабија информираа дека се согласил да плати неодредена сума, за да се прекине истрагата против него.

Претседателот на „Binladin“, Бакр Бин Ладен, компанијата која е главен изведувач на „Jeddah Tower“, исто така беше притворен, но подоцна беше ослободен. Ова се случи откако дел од акциите на компанијата ќе бидат префрлени на државата.

„Jeddah Tower“ ќе се издигнува на висина од 1.000 метри, со што ќе го заземе челното место меѓу највисоките згради во светот и ќе ги надмине „Бурџ Калифа“ во Дубаи со неговите 828 метри. „Jeddah Tower“ ќе располага со станбена површина, хотели и трговски центри.

Изградбата стигна до 63-тиот кат, а за догодина во план треба да е готова суперструктурата на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП