25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите диџеји во светот!

Најбогатите диџеји во светот!

DJ

Некогаш во музичкиот шоу-бизнис приватните авиони, големите вили и девојките беа резервирани за рокенрол ѕвездите, но во последните години нив полека, но сигурно им се придружуваат диџеите. Некои од нив заработуваат и до милион долари за вечер. Прв на листа најбогати диџеји е Тиесто, а зад него се „Daft Pank“ дуо.

Во последните две години благодарејќи и на друштвените мрежи, диџејите на електронската музика станаа главни актери на музичките фестивали како што се „Coachella“ и „South by Southwest“.

Исто како и нивните рокенрол колеги, електронските диџеји исто така имаат продадено милиони плочи и влезници за концертите. Првпат во историјата се случува некој од најпопуларните да ги распродадат и арените како што се „Медисон Сквер Гарден“ и „Стејплс Центар“.

Затоа и не е за изненадување некои од нив да станат толку богати. На крајот на краиштата со големите успеси доаѓаат и големи награди. Популарните диџеји на електронска музика можат да заработат и 100.000 долари за една вечер, а оние кои припаѓаат на горниот ешалон нивната дневница се движи помеѓу 500.000 и милиони долари.

Tiesto

Прв на листата е Тиесто за кој интернет страната „Celebritynetworth“ проценува дека има 75 милиони долари во банка. Холандскиот диџеј заработува просечно околу 250.000 долари од вечер, а дома носи повеќе од 20 милиони долари годишно. Тиесто лета по светот со својот авион.

Уште еден кој минатата година вредно работеше е Скрилекс. Тој успеа да го дуплира своето богатство од осум на 16 милиони долари, а освои и три Греми награди.

Daft pank

Дуото Гај Мануел де Хомен и Томас Бангалтер кои се познати како „Daft Pank” благодарејќи на приходите од продажбата на албумот и авторските права заработија голема сума на пари во минатите 12 месеци. Нивниот четврти албум „Random Access Memories” беше пуштен во мај, а многу бргу во многу земји стана најпродаван албум.

Меѓу диџејите кои инкасирале добра сума на пари во 2012-та година се и „Swedish House Mafia“ (15 милиони), Дејвид Гета (14 милиони), Стив Аоки (13 милиони), „Deadman5“ (12 милиони), Паули Д (11 милиони), Каскејд (10 милиони), Афроџек (9 милиони) и 23-годишниот Швеѓанец Авици кој заработи осум милиони долари.

Dejvid Geta

Десете најбогати диџеји се: Тиесто (75 милиони), Дуо „Daft pank” (секој по 60 милиони), Пол Окенфолд (58 милиони), Пол ван Дајк (52 милиони), Џон Дигвид (45 милиони), Џаџа Џулс (42 милиони), Армин ван Бурен (40 милиони), Саша (40 милиони) и Пит Тонг (32 милиони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП