5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто се случува со коосновачот на Facebook, Едуардо Саверин?

Што се случува со коосновачот на Facebook, Едуардо Саверин?

Дали се сеќавате на Едуардо Саверин, поранешниот колега и бизнис партнер на Марк Цукерберг?

Моментално коосновачот на социјалната мрежа „Facebook“ не живее во САД, откако во 2012-та година се откажа од американското државјанство (за да ги намали даночните обврски) – потег кој стекна особена популарност своевремено.

Но шефот, Саверин, никогаш не го сврте грбот на технолошката индустрија.

Компанијата за ризични инвестиции на Саверин, „B Capital Group“ објави дека придобила финансирање во износ од 360 милиони долари, пренесува „CNN“.

Компанијата на Саверин инвестира во стартапи, фокусирани на здравството, финансиските услуги, осигурувањето и слично.

„Ангажирани сме да помогнеме на следната генерација претприемачи да му достават на светот трансформативни технологии“, вели милијардерот.

Родениот во Бразил, Едуардо Саверин, чија разделба со Цукерберг е овековечена во филмот „Социјалната мрежа“, се пресели да живее во Сингапур во 2009-та година.

Три години подоцна, тој презеде акција за да го одрече американското државјанство непосредно пред „ИПО“-то на „Facebook“.

И покрај разликите во минатото, вклучувајќи и тужба против „Facebook“, Саверин наведува дека нема ништо против Цукерберг.

Тој ја основа „B Capital Group“ во 2015-та година заедно со Раџ Гангули – инвеститор, со кого се познаваат од нивни претходни кругови за собирање на финансирање.

Фондот за ризични инвестиции е основана во партнерство со „The Boston Consulting Group“.

„B Capital“ веќе има инвестиции во неколку стартапи, како индиската компанија за платежни услуги „Mswipe“ и сингапурската логистичка компанија „Ninja Van“.

Фондот инвестира до 20 милиони долари во секоја компанија од своето портфолио.

Саверин не страда од недостаток на средства. Благодарение на неговиот малцински удел во „Facebook“, инвеститорот може да се пофали со богатство во висина од 9,9 милијарди долари, според податоците на „Forbes“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП