10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку пониски се цените на собите во Airbnb од...

График на денот: Колку пониски се цените на собите во Airbnb од хотелите?

Комбинацијата на фактори, вклучувајќи нискобуџетни авиокомпании и заеднички патувања, го направија патувањето подостапно од било кога. Меѓутоа, кога станува збор за престојот, хотелските соби обично чинат едно мало богатство, коментира „Statista“.

Во денешно време има нови решенија за луѓето кои се обидуваат да заштедат пари, благодарение на подемот на заемната економија, особено со сајтови за „couchsurfing“ (мрежа од луѓе кои ги повикуваат патниците во домот бесплатно за одреден период на време) и „Airbnb“. И двете услуги се доста поевтина варијанта од хотелите, но прашањето е колку всушност штедат луѓето преку „Airbnb“ во големите градови?

Германската интернет страна за хотелска резервација „HRS“ ги претстави хотелските цени за хотели во поголемите градови низ светот. Њујорк е најскапиот град со просечна цена за ноќевање од 306 долари. „AirDNA“ пак е сајт кој го следи и анализира пазарот на „Airbnb“ и според нивните податоци за соба, изнајмена преку „Airbnb“ во Њујорк чини во просек 187 долари за вечер.

Ова значи дека патниците ќе зачувуваат извонредните 119 долари што можат да ги остават настрана за другите атракции кои ги нуди „Големото јаболко“. Подготовката на храна во стан ангажиран преку „Airbnb“, и избегнувањето на рестораните исто така може да заштеди доста пари за нискобуџетните туристи.

Трендот цените во „Airbnb“ да се пониски од хотелските се потврдува во повеќето градови, како што може да се види во графиконот. На пример, престој во сопственост на „Airbnb“ во Токио може да заштеди 127 долари за вечер. Разликите сепак не секаде се толку големи – „Airbnb“ е само со 49 долари поевтин од хотелските соби во Сиднеј и со 22 долари во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП